На социјалните мрежи бројни пријатели се простуваат од Александар Ивковиќ од Ивањица, еден од натпреварувачите на квизот „Потера“, кој ненадејно почина на 48-годишна возраст.
Александар починал во септември минатата година , ненадејно, велат тие, во периодот меѓу снимањето и емитувањето на епизодата која синоќа беше прикажана на РТС. Квизот започна со сегментот „In Memoriam“, во спомен на него .
Ден претходно бил на семејна веселба. Брат му ја организирал првата роденденска забава на детето. Чичко Саша , како што го викаа, беше весел, навечер отишол дома, заспал и не се разбудил.
Вчерашната епизода ја гледаа многу негови пријатели.
Еден од нив на својот Фејсбук профил сподели дека во 80-тите, десет или 12-годишни деца, како тогаш Саша, сакале да следат квизови, како што е популарната „Квискотека“.
– Мојот пријател, Александар Ивковиќ, за своите родендени организираше квизови во својот стан, на кои со голема радост учествувавме. За жал, тој денеска не е со нас – напишал еден од неговите пријатели.
Многумина жалат што не стигнале ни да се збогуваат.
– Заедно одевме во основно училиште. Бевме добри пријатели, одлични. Беше добро воспитано, паметно, интересно момче. Многу духовит, прав другар. Тоа е живот. Тивко замина, но има многу од нас што ќе го паметат – рече Јелена Р од Ивањица, негова школска другарка.