Почина бугарскиот композитор Александар Савелиев, кој беше тешко повреден во експлозија на плинска боца на 4 јануари 2025 година во Софија, јавуваат вечерва бугарските медиуми.

И покрај огромните напори на тимот, денеска, 07.01.2025 година, пациентот починал како последица на повреди неспоиви со животот, известија од болницата Пирогов.

Композиторот е пренесен во многу тешка состојба, по несреќата со плинска боца во квартот „Лозенец“ во Софија. Борбата на тимот за неговиот живот беше деноноќна, додаваат од болницата