Во КОД вечерва интервју со таткото на Фросина Кулакова и реконструкција на кобната несреќа во која младата дизајнерка загина на зелено на пешачки премин во центарот на Скопје.

По протестите, Апелација многу брзо ја донесе својата одлука за друг предмет во кој е обвинет возачот Васил Јованов и му пресуди затворска казна за дрога. Таткото на Фросина вели дека ова е само обид за спасување и наоѓање на жртвено јагне за судиската одговорност.

И други сообраќајни несреќи со жртви не се завршени, а судски процеси траат со години или пак не се реализираат малите затворски казни на возачите кои предизвикале смрт на пешачки премин. Во КОД информации за повеќе такви случаи, а емисијата е веднаш по вечерните вести на Телма.

Loading...