Овој четврток (20 јули 2023) сите патишта водат кон омиленото скопско кафуле „Интермецо мјузик бар“ каде и за оваа недела домаќините најавуваат богата музичка програма. На прекрасната летна тераса на за овој четврток е закажана музичката дружба – овој пат со легендарното македонско дуо „Куку Леле“.

Почетокот на незаборавниот концертен настап на Роберт и Панки и екипата стартува во 20 часот, а присутните ќе можат да уживаат во изведбата на нивните најголеми хитови кои секогаш се гаранција за врвна забава, на која публиката во еден глас со нив ги пее: „Кучка“, „Постела од рози“, „Ти немаш појма“, „Стамбол сосе Бардовци“, „Блесава си или не“, Р’мбам јко црнец“, „Остани“, „Не плачи, не жали“, „Кажи ми, речи ми“, „Ме канат на свадба“, „Се’ е против нас“…

Ова ќе бидат само дел од темите кои Роберт и Панки ќе ги отсвират и отпеат на сцената, на летната тераса на кафулето Интермецо.

Се разбира тука е и специјалниот гостин на групата, легендарниот македонски кантавтор Јаков Дренконски кој ќе ја збогати музичката понуда за сите присутни вечерва, која ќе биде дополнета и со изведбата на Панки на уште дузина екс-Ју познати хитови со кои дополнително гостите таа вечер ќе се забавуваат.

Не заборавајте – вечерва, четврток, 20 јули, сите патишта водат кон Интермецо. Стартот е во 20 часот. Затоа резервирајте го своето место навреме.