Дамир Мехиќ викан Биби е уапсен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ при обид да влезе во Србија со фалсификувани лични документи, дознава Klix.ba. Тој користел лажно име и пасош на Република Србија. Мехиќ за убиство во Тузла е осуден на 17 години и пет месеци затвор, а по неговото бегство Интерпол распиша потерница.
Мехиќ бил уапсен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде при обидот за влез во Србија на полицајците им дал фалсификувани лични документи, поради што бил приведен. Третото основно јавно обвинителство во Белград му одреди мерка притвор поради фалсификување лични документи, а по дополнителни проверки преку Интерпол е утврдено дека станува збор за осудено лице, кое Босна и Херцеговина го бара за издржување затворска казна.
УБИСТВО ОД 2013 ГОДИНА – Имено, Кантоналниот суд во Тузла на Мехиќ му изрече единствена затворска казна од 17 години и пет месеци за убиството извршено во 2013 година во центарот на Тузла. Убиството беше епилог од крвавата пресметка на две криминални групи.
По убиството, Мехиќ отишол во бегство, а бил уапсен во јануари 2018 година во Јахорина, по налог издаден по него од Обвинителството на кантонот Тузла во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Турција. Тој помина две години во притвор, по што беше ослободен по одлука на Кантоналниот суд во Тузла. Судскиот процес заврши, а Мехиќ во февруари годинава беше осуден на 17 години и пет месеци затвор. Но, тој повторно се најде во бегство и по него беше распишана потерница.