Нов земјотрес вечерва беше почувствуван во Македонија.
Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) со седиште во Франција, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтер.
Како што објави ЕМСЦ, епицентарот е во околината на Скопје, на длабочина од 6 километри.
Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала беше почувствуван завчера вечерта во Македонија, а епицентарот беше во Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија објави мерки што треба да се преземат пред, за време и по земјотрес.