Доцна попладнево грчката полиција ги доведе навивачите на Динамо на распит по нередите во Атина во понеделникот, во кои беше убиен 29-годишен навивач на АЕК во пресрет на натпреварот меѓу АЕК и Динамо во квалификациите од Лигата на шампионите.
Началникот на штабот на грчката полиција ќе води внатрешна истрага која треба да се справи со пропустите на грчката полиција која не го спречи пристигнувањето на навивачите на Динамо во Атина, иако за тоа беа предупредени жод нивните хрватски и црногорски колеги два дена однапред.
Истрагата ќе ја води полицискиот генерал-полковник Елефтериос Гарилас, кој ќе истражува и зошто атинската полиција не успеала да ги спречи хулиганите и покрај забраната за гостински навивачи од натпреварот против АЕК. Поради овој конфликт со трагични последици, УЕФА под чија надлежност се игра Лигата на шампионите, одлучи да го одложи натпреварот.
Во врска со инцидентите приведени се вкупно 98 лица: 84 хрватски државјани, еден Австриец, еден Босанец, еден Албанец, еден Германец и двајца Грци. Тие се наоѓаат во седиштето на Атика секјурити, додека дел од осумтемина повредени се под полициски надзор во болницата.