Зинедин Зидан прави подолга пауза од фудбалските терени. Поточно, францускиот стратег нема работа откако си замина од Реал Мадрид минатата година.

49-годишникот би можел да направи кам-бек по крајот на Мундијалот во Катар. Се шпекулира дека ќе го заземе местото на Дидие Дешамп, кој најверојатно ќе ја напушти селекторската позиција во репрезентацијата на Франција.

Се пишува дека Зидан е една од опциите на челниците на ПСЖ за местото на Маурицио Почетино. Француските медиуми пренесуваат дека понудата до него е 25 милиони евра по сезона.

Популарниот Зизу е еден од идолите на Килиан Мбапе, па тоа дополнително може да ги олесни преговорите.