Прекинот на огнот ќе стапи во сила во среда во областа околу комплексот железарница Азовстал во јужниот град Мариупол, јави државната новинска агенција РИА.
Агенцијата го цитира руското Министерство за одбрана што го потврдило овој потег.
Областа Азовстал стана клучно бојно поле во јужна Украина, а се верува дека сите останати украински сили од градот се во областа.
Прорускиот лидер на самопрогласената република Доњецк претходно изјави дека е во тек голем напад на Азовстал.
„Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал, железарницата и челичарницата, изјави промосковскиот функционер Едуард Баршурин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк.
Тој исто така рече дека руските борбени авиони и артилерија им помагаат на јуришните трупи.