Хрватската театарска, телевизиска и филмска актерка со македонско потекло, Костадинка Велковска (74), имаше мозочен удар кон средината на јули и оттогаш е во Клиничката болница во Загреб. За жал, вечерва на социјалните мрежи се прошири лажна вест за нејзината смрт, а непроверени информации објавија и многу хрватски медиуми, пишува Јутарњи лист.

– Не користам социјални мрежи, но слушнав што е напишано… Тоа не е точно. Костадинка е жива, не знам кој го раширил тоа, срам да му е… Моментално само синот може да дојде до неа, но јас сум во редовен контакт со нејзиниот лекарски тим. Да, ситуацијата е тешка, но таа е жива, се бори – изјави во телефонски разговор пријателката на Костадинка, актерката Марија Секелез.

Режисерот Марио Ковач, исто така, на Фејсбук апелираше да не „паѓаме“ на лажни вести.

– Не закопувајте жива жена! Костадинка уште се бори, дајте позитивна енергија – напиша тој.

Да потсетиме, на Велковска пред нешто помалку од четири години и беше дијагностициран бениген тумор на мозокот, а беше оперирана и од тумор на тироидната жлезда. Велковска е родена во Скопје, но од својата 19 година живее во Загреб.