Мал скандал се случи вечерва при емитувањето на емисијата САМО ВИСТИНА на националната телевизија Канал 5, каде гостинката Мирјана Најчевска го извади микрофонот и си замина од емисијата напуштајќи го студиото.
Имено, во еден момент, Најчевска револтирана од нејзиниот соговорник Петар Богојески, за кого рече дека смета „оти не бил на нејзино ниво“, го извади микрофонот и си замина.
Притоа, таа искажа навреди кон првиот човек на Македонски концепт во моментот додека стануваше од столчето.
Повеќе погледнете на видеото кое го објави пред малку Канал 5 на својата Фејсбук страна: