Поранешниот учесник на „Ѕвездите на Гранд“ и пејач Милан Митровиќ повторно ќе се врати на сцената на Гранд во улога на водител. Тој гостуваше во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“ каде откри се за новата сезона на музичкото натпреварување, која почнува вечерва во 21 часот.
Имено, Милан откри колку натпреварувачи се пријавиле за оваа сезона, но и се што се случува зад сцената кога е во прашање придружбата на кандидатите.
– Оваа сезона имаме вкупно 236 кандидати, во првиот круг секоја емисија има по 18 кандидати. Јас сум сега на местото на Војо, а Војо е гласот на продукцијата. Јас сум во бекстејџот, да ја наречеме соба на емоции, разговарам со придружбата на нашите кандидати – рече Милан.
Милан го откри и она што многумина ги интересира, а тоа се промените кои се случија во „Ѕвезда Гранда“. Тој објасни како жирито сега ќе гласа за натпреварувачите и што им треба на кандидатите за да се пласираат во следниот круг.
– Промената е во тоа што жирито не може да ги види кандидатите, туку прво треба да ги слушне и да избере дали ќе им даде ДА. Кандидатот поминува во следниот круг доколку има три позитивни гласа, но исто така може да добие и ПАНИК тастер доколку има шест паник тастери од вкупно 8 тогаш натпреварувачот автоматски го напушта натпреварувањето. Доколку еден кандидат има еден или два позитивни гласови, тогаш оди во бараж, рече тој.