Панче Зезовски, велешанец на возраст од 74 години, без здравствени проблеми, недостапен е за семејството веќе шест дена, односно од средата му се губи секаков траг.

Неговата ќерка Македонка за ,,Фокус” појаснува дека станува збор за човек кој никогаш во минатото не се случило да исчезне, бил витален и немал никакви здравствени проблеми. Во градот бил познат по својата професија, фризер, а последен контакт остварил по телефон во вторникот.

-Татко ми живее сам, и од средата беше недостапен. Случајот го пријавивме во полиција, вознемирени сме, насекаде го бараме, тој нема ниту деменција, ниту пак било каков проблем со здравјето. Го нема и неговиот автомобил, никаква трага досега… Станува збор за човек со среден раст, средна градба, бела коса.

На безбедносни камери од центарот на градот бил забележан во вторникот. Токму и во вторникот навечер имал телефонски повик, и веќе од средата не можеме да стапиме во контакт со него – појаснува ќерката за ФОКУС.

Апелира до сите кои имаат некакви сознанија за нејзиниот татко да се јават во полиција. Исто така, доколку некој го забележи неговиот автомобил, веднаш да пријави во полиција.