Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Веќе во 11 часот во Скопје се измерени 30 степени, односно RealFeel 36°.
Од утре промена на времето
Следната недела, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.
Новата работна недела носи промена на временската состојба. Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Но, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со грмежи и засилување на ветерот.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата ќе биде во постепено опаѓање. УВ=7.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!