Пензионерка од Велес била измамена и останала без 600 евра, откако непознато лице пред два дена и се јавило и и кажало дека е добитничка на награда од 20.000 евра.Но, за да ги добие парите од наградата, првин требало да испрати преку автобус до Скопје сума од 600 евра.

Таа без многу размислување ги испратила парите преку автобус, но потоа лицето пак и се јавило, барајќи и уште 1.500 евра, со образложение дека ако испрати повеќе пари, ќе добие поголема награда.

Тогаш на 75-годишната велешанка и станало јасно дека е измамена, па вчера го пријавила случајот во полиција.

Од СВР Велес го потврдија настанот, и велат дека се превземаат мерки за расчистување на истиот.

Од МВР редовно се апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви и слични измами, во кои измамници им ветуваат лесна заработка на пари, но сепак, очигледно дека желбата да се дојде до финансии е поголема, па се почесто се занемарува ризикот и секојдневно расте бројот на измамени лица.