Велешанката Моника Јовановска која што јавно сведочеше за својата голгота, дека била силувана и тепана од поранешното момче, после денешното судење била итно пренесена во велешката болница на нервното одделение затоа што здравствената состојба исклучително и се влошила, пишува „Слободен печат“.

Неофицијално, СП пренесува, дека фактот што велешкото обвинителство ја отфрли кривичната пријава за силување на девојката, допринел нејзината психичка и здравствена состојба да биде исклучително тешка. Се обидела и да работи, меѓутоа не можела, постојано е на терапија и преживува тежок период во животот.