Ден пред да ја испрати на вечното почивалиште, на „Инстаграм“ се огласи вереникот на Мартина Наумовска, 29-годишната битолчанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи во близината на Солун. Тој сподели снимка на која тој свири на гитара и двајцата ја интерпретираат баладата „Расцветај“, големиот макфестовски хит на Ѓоко Танески.
Пред утрешниот ден, денес не можеш да ме сопреш…
Овој ангел не беше тивок, видео кое не ми дозволуваше да го објавам, сега има смисла, видео кое стои година и пол во драфт спремно да го објавам, сега има смисла зошто не сакаше, видео кое трае повеќе од 40 минути, друго немам, и секоја песна што е одбрана има смисла, но не ви го давам цело, не сакаше внимание, го добивме наметнато и трагично, затоа го објавувам, цел свет знае за тебе душо, а не знае ништо, покрај душата не беше свесна што поседува, и двајцата пеевме, но таа беше посебна, тивкиот ангел имаше неверојатен ангелски глас кој само јас го слушав, природна музичка интелегенција, едвај чекав да запееме и скришно снимав, се договоривме дека еден ден ќе пееме јавно, ја чувавме среќата само за нас, но сега гледам што значело ова видео, јас во црна маичка, а таа само сенка на нашиот магичен прозорец кој ја имаше Битола на дланка, беше толку добро да е вистинито, ја чувавме среќата само дома, не ја експониравме, но сепак џабе, сите знаеја што имаме и ни завидуваа, еве сега ситете се сите душегрижници.
Ристе го нема скриениот дијамант кој го брусеше со години, и бев најголемата поддршка и гориво во животот, ја охрабрував да си ги цени вредностите, беше многу храбра и се трудеше но секогаш велеше: “нема назад за вас, ѓаволот ве има земено длабоко под контрола”, за жал во право беше. Научете ја лекцијата од чупето, барем малку некогаш сетете се да помогните некому без интерес, не судете, почитувајте се, радувајте се на малите работи, бидете смирени, со молк како ангел ни држеше лекции и се разочаруваше, скромен ангелу не сме достојни да зборуваме за тебе, сите сме грешници, секогаш ни велеше: “блазеси ви на паметот што го имате, камо јас да можев така”……….имам многу да кажувам за тебе но толку е доволно.
Цветај расцветај, љубов мила, таму горе…