Во Будимпешта, Русија, Турција и Катар, наводно, би можеле деновиве да склучат нов договор за извоз на жито, според германски Билд, повикувајќи се на интензивната летна преписка (од 21 јули до 8 август) меѓу руското и турското министерство за надворешни работи на тема „ пченица“. Руските власти не дадоа официјални изјави за тоа, иако Билд наведува дека во Будимпешта веќе пристигнал шефот на руската покраина Татарстан Рустам Миниханов, а се очекува дури и доаѓањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според „Билд“, договорот треба да вклучува „извоз на руско жито и вештачко ѓубриво“ првенствено во Африка, а турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан сака да се обнови Црноморскиот договор за пченица, од кој Русија самоиницијативно се повлече во јули, а нов договор вклучува непречен извоз на украинска пченица. Како што пишува Билд, Турција би била организатор на испораката на пченицата, а Катар – спонзор.

Турција сака ОН да бидат вклучени во новиот договор. Сепак, турскиот весник, повикувајќи се на извори во турското Министерство за одбрана, наведува дека Турција „не работи на алтернативи на договорот за жито“. Но, во исто време, Анкара потврдува дека ќе дозволи безбедно поминување низ Босфорот и Дарданелите за комерцијалните бродови и оние што превезуваат жито.

Според Билд, Москва однапред ја предупредила Анкара за повлекување од договорот за жито, а сега Русија, Турција и Катар работат на нов трилатерален договор, кој треба да го замени оној што не им одговара на Русите и се користи за политичка уцена.

Да потсетиме, Русија излезе од т.н Црноморскиот договор за пченица, потпишан во јули 2022 година, кој овозможува руско деблокирање на украинските пристаништа и извоз на украинско жито. Овој „излез“ доведе до нова глобална „криза со храна“, која се закануваше со политички реперкусии, особено во земјите од Африка и Блискиот Исток, и доведе до зголемување на цената на житото на светскиот пазар.

Владимир Путин играше на картата „Игри на гладта“ со цел „индиректно“ да ги принуди африканските земји да го притиснат Западот да ги олесни или да ги откаже санкциите за руските земјоделски производи (првенствено житарки, маслодајни семиња и вештачко ѓубриво), но и Земјоделска банка (Росселхозбанк) повторно да биде вклучено во системот Swift.

Оттогаш, Русите масовно ги гранатираат украинските црноморски пристаништа Одеса, Јужни и Черноморск (главните пристаништа за извоз на жито), како и украинските пристаништа на Дунав. Оваа ситуација е уште поопасна бидејќи дунавските пристаништа Измаил и Рени се токму на границата со Романија, која е најважната земја на јужното крило на НАТО.

Воените аналитичари веруваат дека ова е по „незгодно“ од ракетирањето на Одеса, но ја покажува и бескрупулозноста на Кремљ, кој на секој начин сака да ја спречи Украина да оствари каков било „приход“ од извозот на жито, а со тоа да предизвика недостиг и да се наметне како „спасител“ од можна глад, кога веќе не успеаја да предизвикаат енергетска криза во Европа, поради откажување од рускиот гас и нафта (Европа веќе се подготви за следната зима и ги наполни своите складишта за гас).