Околу 17 часот во затворот во Лепоглава се самоyби Харалд Копиц.

Според Јутарњи лист, веднаш била повикана брза помош, но Копиц починал во амбулантата.

Веста за самоубиството официјално ја потврди Министерството за правда кое ги утврдува сите околности на самоyбството, а во текот на вечерта се очекува официјално соопштение од Министерството.

Да потсетиме дека Харалд Копиц е осуден на 50 години во затвор во јуни.

Во судењето зад затворени врати, кое започна и заврши истиот ден, Копиц се изјасни за виновен за тројно ybиство.

56-годишниот Австриец, Харалд Копиц во Загреб си ги уби трите деца, а потоа се обиде да се самоубие. Според информации на хрватските медиуми, истражителите сметаат дека децата биле отруени.

Сепак кај нив имало траги од давење, па истражителите сметаат дека таткото прво ги отрул, а потоа ги давел.