Десетици жени, многу од нив инфлуенсерки и модели на Инстаграм, беа спасени од луксузна јахта Ламборџини што тонеше покрај брегот на Мајами Бич.

Во саботата попладне, приближно 30 жени се натрупаа на луксузната јахта – дизајнирана за само пет лица – за да уживаат во викенд-забавата на Формула 1, објави Дејли Меил.

Тие се фалеа со своето раскошно бегство на социјалните мрежи – објавувајќи видеа од себе како пијат шампањ и танцуваат – но настана хаос кога јахтата од 4,5 милиони долари почна брзо да тоне и да се навалува. Екстравагантната забава се претвори во целосна катастрофа за само неколку минути.

Снимките од јахтата, споделени од патничката Лорен Никол, покажуваат како во паника се додаваат портокалови елеци за спасување. Девојките нервозно чекаат да се качат на чамците за спасување.

На местото на настанот пристигнале повеќе возила на итна помош. Жените беа брзо евакуирани од бродот, кој исчезнуваше под површината.

И покрај драмата, откако се нашле на безбедно, не дозволиле потонувањето на нивната мултимилионска јахта да им ја расипе забавата – објавите на социјалните мрежи ги покажуваат како сè уште танцуваат и се смеат додека го гледаат бродот како тоне од чамците за спасување.

На пример, една од нив држеше во рацете шише текила „Клес Азул Голд“ што успеала да го спаси од бродот.

Додека се смее и го прегрнува шишето вредно повеќе од 300 долари, таа и нејзините пријатели извикуваат: „Бебето е безбедно!“ и „Жените и децата се спасени!“

Зачудените минувачи ги извадија своите мобилни телефони за да го забележат драматичниот момент.

Властите соопштија дека 32 лица се спасени. Во инцидентот немало сериозно повредени.

Истрага е во тек бидејќи јахтата од 63 метри била далеку над дозволениот капацитет.

Ограниченото издание Tecnomar за Lamborghini 63, резултат на соработка помеѓу италијанскиот бренд за автомобили и The Italian Sea Group, е дизајнирано за максимум пет гости и двајца членови на екипажот.

Викендот за Големата награда на Мајами во Формула 1 е тридневен годишен автомобилски тркачки настан што се одржува на Меѓународниот автодром во Мајами.

Познат е по својот живописен општествен живот и собира стотици илјади познати личности секоја година.