Во пожар на пазар во Жанџијаку, провинцијата Хебеи во северниот дел на Кина, загинаа осум лица, а 15 беа повредени, објави CCTV.
Властите ги истражуваат причините за пожарот, кој беше изгаснат нешто повеќе од еден час по избувнувањето во саботата наутро.
– Повредените се хоспитализирани и нивните животи не се во опасност, додаваат од телевизијата.
Пламен и темни облаци од чад беа забележани над пазарот, покажаа видеата објавени на кинеската веб-страница Веибо.
Некои медиуми пишуваат дека станува збор за зеленчуковиот пазар Лигуанг, кој е отворен во 2011 година и продава најразлични работи, од овошје и зеленчук до морска храна до електроника.
🔴CHINA 🇨🇳| #Drama : a fire this Saturday Jan. 4 at 8:40 a.m. in a vegetable market in the city of #Zhangjiakou, #Hebei province (North) left 8 dead and 15 injured according to the local government. The fire was quickly brought under control. Ongoing investigation into the cause. pic.twitter.com/Xp5XhavdCV
— Nanana365 (@nanana365media) January 4, 2025