Авион на Southwest Airlines принудно слета набргу по полетувањето од Тексас, откако се запалил, оставајќи ги патниците преплашени.

Авионот, Боинг 737, беше на пат од Хјустон (Тексас) за Канкун (Мексико), кога неговиот мотор се запали веднаш по полетувањето во вторникот (15 август). Страшната голгота беше снимена на камера од патниците во авионот.

Според соопштението на компанијата со седиште во Далас, авионот „безбедно“ се вратил на аеродромот Вилијам П. Хоби каде слетал.

„Авионот слета безбедно и беше тргнат од употреба на преглед“, додаде авиокомпанијата. „Друг авион го продолжи летот до Канкун минатата ноќ и го цениме трпението и поддршката на нашите клиенти“.

„Им благодариме на пилотите на летот 307 на Southwest Airlines, Хјустон-Канкун што не вратија на земја откако изгубивме мотор“, напиша еден патник на Твитер.

Летот 307 наводно бил во воздух само 27 минути, според податоците на Flight Aware, пред неговите патници безбедно да се вратат на земја и да бидат префрлени во нов авион.