Возило се преврти на автопатот А1 на дваесетина километри пред граничниот премин „Богородица“.

Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, а очекуваме детали од МВР.

Сообраќајот се одвива само во една лента, а полициски службеници го регулираат. Екипа на Брза помош е на самото место на настанот.