Една година помина од разорниот земјотрес на Бановина, а фотографиите и снимките кои настанале тој ден им останаа на сите врежани во сеќавањето.

Сисачката бискупија објави две невидени снимки од безбедносните камери.

На нив е прикажан центарот на Сисак во моментот кога тресел земјотресот, на кои се гледа како автомобилите се нишаат, луѓето трчаат во паника, а потоа се руши и ѕвоното на катедралата и оградата на Стариот мост.

-Во моментот на земјотресот сопругата и јас бевме среде Стариот мост. На снимката се гледа нашиот автомобил. Пред нас се сруши ѕидот во реката. Никому не би му посакал тоа да го почувствува, да не се повтори, напишал еден жител кој го преживеал земјотресот, пренесува Јутарњи лист.

Погледнете ја снимката од земјотресот: