21-годишната Симона Талевска имаше среќа да го фати светиот крст во битолското село Кравари, објави телевизија Телма.

Талевска изјави дека првпат скока по крстот за Водици и дека се надева оти ќе и донесе среќа, здравје и благосостојба неа, на блиските и на сите други верници.

Во базенот во село Кравари по светиот крст покрај момчиња скокаа и три девојчиња кои ја продолжија традицијата од претходните години по крстот да скокаат и припаднички на женскиот пол.