Два разорни земјотреси утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Бил на длабочина од 35 километри, 45 километри јужно од Мандалеј.

Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, известувајќи дека земјотресот бил многу силно почувствуван во соседна Индија, но и во Тајланд. Повеќе згради се урнати, а луѓето се излезени на улиците низ државата.

Loading...

Објавени се информации и за урнат мост.

Граѓаните информираат дека на земјотресот траел подолго време.

„Ова е најдолгиот земјотрес во последните години, некако се потресе повеќе од вообичаено овде во Тајланд“, велат тамошните преку објави на социјалните мрежи.

Некои тврдат дека земјотресот траел речиси две минути.

Loading...