На авион на рускиот авио-превозник „Азимут ерлајнс“ кој вечерва во Анталија, Турција, слета при неповолни метеоролошки услови, се случил пожар на моторот, а сите 79 патници се евакуирани безбедно, јавува ХавХабер.

Пожарникарите интервенирале веднаш, а пистата е привремено затворена, па авионите се пренасочени на други аеродроми.

Нема повредени, а авионот летал на релација Сочи-Анталија.

Пожарот настанал кога моторот дошол во контакт со пистата.