Во попладневните часови на автопатот Милош Велики во правец од Чачак кон Белград кај местото Ручичи се случи инцидент кога се запали автомобил БМВ. Возачот го паркирал автомобилот кој се запалил и целосно изгорел на лентата за застанување.
– Има огромен пламен, го проголта целиот автомобил. Пламенот се шири кон автопатот, но тоа не ги спречува останатите возачи да брзаат и да го преминат огнот. Никој од возачите не застанал да види дали може да му помогне на возачот. Се чекаат пожарникарите – изјави за РИНА еден од очевидците.
Делницата беше затворена за сообраќај, а на местото на несреќата беше формирана колона.