Со спасителна акција организирана од албанската полиција во заливот Филикури биле спасени двајца македонски туристи кои биле блокирани во заливот.
– Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција – јавија албанските медиуми.
На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е добра здравствена состојба.
– Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112 – објави полицијата.
Македонските, по косовските, се најбројни туристи кои за одмор го избираат албанското крајбрежје. Нивниот број оваа сезона надминува 400 илјади.