Голем метеж во Поликлиниката Букурешт уште од рано наутро.

Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат против коронавирусот чекаат дури 1-2 часа, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Инаку, од денеска се отвораат и дополнителни четири пункта за имунизација против ковид-19.

Тие се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.

Инаку, прва смена работат пунктовите во Шуто Оризари, Драчево и Ченто, додека пак во две смени работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар.