Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат видеа на кои се гледа како огнени топки паѓаат од небо.

Овој феномен е забележан синоќа околу 20 часот и 30 минути, а се верува дека станува збор за метеор.

Се огласија и жителите на Анкара кои изјавија дека ја виделе истата необична светлина над главниот град.

Турскиот портал Sozcu наведува дека светлината била видена и во бројни провинции и дека најверојатно се работи за метеор.

Посебно забележан е моментот кога огнениот факел помина преку мостот Фатих Султан Мехмет.

Објаснување на Турската вселенска агенција (TUA)

Во соопштението на ТУА се наведува следново:

„Оваа ноќ метеор виден на небото во различни делови од нашата земја предизвика вознемирување кај граѓаните.

Боите што се појавуваат кај метеорите кои влегуваат во атмосферата зависат од неколку фактори, вклучувајќи го хемискиот состав на метеорот, брзината и гасовите присутни во атмосферата на Земјата“.

Хемиски состав: Различните елементи присутни во метеорот произведуваат различни бои додека согоруваат во атмосферата на Земјата. На пример, натриумот може да создаде светло портокалово-жолта боја, магнезиум зелени или сини тонови, а јонизираниот калциум (Ca+) виолетова боја. Овие елементи во метеорот играат клучна улога во создавањето бои за време на влегувањето во атмосферата“.