Хеликоптер на турската полиција се урна синоќа на југот на земјата, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека загинале двајца полицајци, а еден е повреден.

Се наведува дека хеликоптерот полетал од аеродромот во Хатај во правец на Газиантеп, а контактот со леталото бил изгубен околу 11:30 часот по локално време.

Јерликаја изјави дека хеликоптерот паднал во близина на селото Картал во регионот Нурдаги кај Газиантеп.

– Повредениот член на екипажот, кој по професија е техничар, е префрлен во болница – изјави Фахретин Коџа, турскиот министер за здравство.