Во ек е туристичката сезона во Охрид, а во убавините на овој град уживаат многубројни домашни, но и странски туристи.
Изминатиот период еден од туристите беше и познатата српска инфлуенсерка Милица Вуковиќ која го посети Охрид и сподели впечатоци на социјалните мрежи:
– Веќе долго време сакав да го посетам Охрид, но дури сега имав можност да одам и да го посетам овој прекрасен град во Македонија, напиша на една од објавите.
А вниманието го сврте со видеото во кое покажува што може да се купи за 10 евра во Охрид.
– Мини крофни – 1,30 евро, потоа печена или варена пченка 1,6 евро, возење со такси бродче за 5 евра, тука е и магнет за фрижидер 1 евра и на крај чашка експресо за 1.10 евро.