Познатата пејачка Анета, до скоро позната како „Молика“ а сега веќе си го врати моминското презиме Љумаковска, како што ја знаеја сите до пред да се омажи, прозборе за разводот. Таа во разговор за „Бекстејџ“ откри детали за причините за развод, но и за плановите за понатаму во нејзината соло кариера.
Искрено не сакам да навлегувам многу во тоа. Се случи што се случи, требало така да биде и не гледам некој проблем, па сега да треба нон стоп само за тоа да се пишува. Ниту први ниту последни. Не сакам да навлегувам, требало така да биде. Се се случува со причина, ништо не е без причина, рече таа и најави дует со Мартин Вучиќ.
На прашањето дека причината за разводот е неверство и тоа од нејзина страна таа вели:
– Немам што да изјавам, што да кажам. Се што треба да се дознае, ќе се дознае, тоа не е никаков проблем, меѓутоа секогаш не знам зошто за развод причината треба да е неверство. Може да е губење на чувства, може да се некои други проблеми, проблеми што се во фамилијата, дали од моја страна или од другата страна, не мора да значи дека е неверство. Се може да биде опфатено и се може да е причина, губење на чувства пред се, не можеш ти да му наредиш на срцето, дали некој да сака или да нејќи. Едноставно ете се деси, не знам ни јас што се случи, требало така да биде, како што кажав не сакам да навлегувам, а и не осеќам потреба дека треба толку да давам изјави, да објаснувам, што беше и како беше. Гледам од сега и понатаму да си го живеам животот како што јас сакам, како што треба да го живеам. Не се вртам назад, рече Анета.
Погледнете го видеото од разговорот со Анета: