Вчера на влезот во тунелот „Малечник“ кај Марибор камион налета на цистерна и колона. Се запалиле неколку возила и само од чиста среќа немало жртви или сериозни повреди.
Камионот се движел по обиколницата Марибор во правец кон Австрија и налетал на колона возила кои бавно се движеле.
Автопатот „Штаерска“ беше затворен со часови. Тунелот е тешко оштетен, таванот почнал да се урива, а се проценува дека извесно време нема да биде во функција. На теренот имало дури 120 пожарникари.
Погледнете го видеото од несреќата!
[NESREČA] Ob 6.56 je tovorno vozilo v pokritem vkopu Malečnik trčilo v kolono in se pri tem vnelo. Razvil se je požar, ki je zajel še dve tovorni vozili. Poškodovan je betonski obok, zgorela je razsvetljava in druga oprema. Po prvih ocenah pričakujemo, da bo sanacija obsežnejša. pic.twitter.com/aJwt6QGY35
— DARS (@DARS_SI) June 26, 2023