Нова Година без омилените ракети и петарди? Тоа во многу земи е речиси незамисливо. Западните земји трошат милиони евра за пиротехника со која ја дочекуваат Новата година. Тоа е речиси традиција.

Агресивно однесување, висок степен на штетни честички во воздухот и чад, оглувени животни: забавата за новогодишната ноќ е поматена.

Активистите за заштита на животната средина и полицијата и годинава предупредуваа на последиците од новогодишните приватни огноменти кои се традиција.

Поради високиот степен на загадување на воздухот и штетни честички во воздухот,многу земји повикаа луѓето да се воздржат од пукање петарди и други пиротехнички средства.

Дополнително, употребата на пиротехнички средства носи и ризик од инциденти, кои понекогаш завршуваат и фатално. Еве како изгледа кога пукањето на огномет ќе тргне наопаку.

🎥