Јашар Аземи од Косово е уапсен денеска во Саранда, откако како заложници држел 6 италијански туристи.
Според полицијата, тој тоа го направил бидејќи во станот што им го изнајмил расипале апарат.
Ги држел затворени околу еден час, а кога пристигнала полицијата бил уапсен, а станарите биле пуштени на слобода, пишува Лајми.нет.
На социјалните мрежи се прошири видео на кое се слуша како Италијанците го молат да ги пушти.
„Отвори ја вратата, отвори ја вратата“, се слуша на видеото.
Доказните материјали се испратени до Обвинителството, а во меѓувреме против него е поднесена и тужба за противправно лишување од слобода, пренесе српски Телеграф.