Млада мајка од Украина се обидела да го продаде својот двегодишен син за поголема сума пари, но за среќа, била фатена и приведена во полиција.

При приведувањето кај 19-годишната, полицајците пронашле околу 22.400 евра. Според нејзиното сведочење, со тие пари сакала да започне нов бизнис.

Полицијата открила куп банкноти кои ги зеле при примопредавањето кое било организирано во градот Дњепар.

Жената се соочува со казна затвор до 15 години доколку биде осудена за трговија со деца.

„Не сакала да се грижи за синот, па решила да го продаде и со парите да отвори свој бизнис. Се обидела да го продаде детето на нејзин познаник. Во договореното време дошла на местото на средбата, при што била уапсена додека ги примала парите“, информираат од полицијата.

Момчето било згрижено и предадено на социјалната служба во Украина.

„Лекарите сега се грижат за момчето“, се вели во официјалното соопштение.

На сликите се гледа како жената е врзана со лисици и одведена во полициско возило по нејзиното апсење, а таа ќе биде задржана во притвор од 60 дена до понатамошна истрага.

Извештаите не прецизираа каков тип на бизнис имала намера да отвори.

„Злосторството е документирано од полициските одделенија на миграциската полиција и Одделот за истраги на Националната полиција во реонот на Дњепар во соработка со Одделот за криминалистичка анализа“, соопштија од полицијата.

Идентитетот на осомничената и купувачот не се соопштени.