Силна експлозија одекна во центарот на градот Доњецк во источна Украина што е под контрола на сепаратистите поддржани од Русија, ваква вест објави руската новинска агенција Риа откако сепаратистите во источниот дел на Украина почнаа да евакуираат цивили.
Рускиот претседател Владимир Путин, пак, телефонски разговарал со в.д. министерот за вонредни ситуации Александар Чупријан и му наложил итно да отпатува во Ростовската област за да организира обезбедување услови за сместување, храна и се што е потребно за бегалците кои пристигнуваат од Донбас, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Исто така, Путин наредил да се исплатат и по 10 000 рубљи (околу 115 евра) за секој бегалец кој од Добас пристигнал во Ростовската област.
Имено, според снимките кои се појавуваат на социјалните мрежи, собрани се првите организирани деца, кои се собрале пред училиштата, а исто така колони патнички автомобили тргнале на пат кон Русија, односно Ростов на Дон,објави ТАСС.
Според властите во Донбас, евакуацијата се однесува на деца, жени и стари лица, како и на оние чиј престој не е потребен. Евакуацијата не се однесува на оние вработени чие присуство е неопходно за функционирање на градската инфраструктура и служби, како и за оние кои имаат оружје и активно се вклучени во одбраната.
Сепаратистите во источниот дел на Украина ги обвинија властите на оваа земја дека планираат напад, што пак, беше демантирано од Киев.
„Категорично ги негираме руските дезинформации за наводните офанзивни операции на Украина или акти на саботажа во постројки за производство на хемикалии“, објави на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер.
The evacuation of Donetsk residents to the territory of Russia begins. pic.twitter.com/wPsW8Ssylf
— 301🇦🇲 (@301_AD) February 18, 2022
И од САД ја обвинија Русија дека информациите за евакуација на цивили дека се само „циничен потег“ со кој се бара изговор за руска инвазија на Украина.
Orphans from boarding school No. 1 are evacuated from Donetsk first.
Via: Inside_Donetsk pic.twitter.com/NWtXBcGXLv
— 301🇦🇲 (@301_AD) February 18, 2022
„Објави како овие (за евакуацијата на цивили) се дополнителни обиди да се прикрие преку лаги и дезинформации дека Русија е агресор во овој конфликт“, изјави портпаролот на Стејт департментот на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Тој додаде дека „исто така, цинично и сурово е да се користат луѓе како пиони за да се одвлече вниманието на светот од фактот дека Русија ги зголемува своите сили во подготовка за напад“.
Columns of cars in the DPR towards the Russian border. pic.twitter.com/dlYLh95yXM
— 301🇦🇲 (@301_AD) February 18, 2022