Рада Манојловиќ е позната по тоа што прави добра атмосфера на настапите, а видеото од нејзината последна „тезга“ започна лавина коментари. Имено, Рада Манојловиќ беше во фустан кој имаше шлиц до колк, и длабоко деколте, а со насмевка на лицето пееше, танцуваше и ја шармираше толпата.
Таа во занесот се удрила со ајнцерот по задникот, а потоа се качила на столици и одела по нив, додека се фрлало бакшиш кој паѓаше како дожд. Очигледно пејачката ги пушти сите сопирачки, а како изгледаше погледнете во видеото погоре.
– Рада летово има закажано 43 настапи, а од тезга во просек зема по 7.000 евра, секако без бакшиш. Така на крајот на летото таа ќе биде побогата за 301.000 евра! Претходните години земала по 5.000 евра по настап, но откако нејзината сестра почнала да ја води кариерата, нејзината цена скокнала. Најмногу пее по клубови и на приватни прослави, а кога ќе „погоди“ на настап на плоштад, може да заработи двојно повеќе – изјави неодамна за „Информер“ еден естраден менаџер.
@radamanojlovic_official