Најмалку 12 лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во турската провинција Баликешир, изјави гувернерот на провинцијата Исмаил Устаоглу.
Устаоглу изјави дека повредените се во добра состојба и дека точно се утврдува колку луѓе имало во фабриката во моментот на експлозијата.
Тој изјави дека е исклучена можноста за саботажа и дека е урнат дел од фабриката, јави Анадолија.
Во фабриката веднаш биле испратени екипи за итна помош и противпожарна заштита.
Експлозијата се случила во делот на фабриката за производство на капсули од непозната причина.
‼️ BREAKING: An explosion occurred at a factory producing explosives in Balıkesir Province, Turkey
According to local media, 12 people were killed and three were injured. Authorities have ruled out the risk of another explosion and the possibility of sabotage. pic.twitter.com/mdRbAAzc9L
— NEXTA (@nexta_tv) December 24, 2024
⚡️ An explosion has occurred at an explosives factory in Turkey— CNN turk.
Preliminarily, 13 people were killed and three injured. The explosion occurred in the production area of the plant for unknown reasons.
Search and rescue operations are currently underway to determine… pic.twitter.com/HXL9m9TuQc
— BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) December 24, 2024