Снег ја парализира Велика Британија. Жителите на островската држава се соочија со големи доцнења во сообраќајот, а наставата во училиштата е откажана. Жолти предупредувања за снег и мраз се издадени низ северна Шкотска, Северна Ирска, централен и јужен Велс и источните окрузи од шкотските граници до Норфолк, а синоптичарите предупредуваат на потенцијални опасности во текот на целата недела.
Метеоролошката канцеларија подоцна, исто така, издаде жолто предупредување за мраз на патиштата, тротоарите и велосипедските патеки низ централна и јужна Англија, кое беше на сила до 10 часот во средата. Претходно имаше предупредувања за централна и северна Англија, додека снег падна и во области кои не се опфатени со предупредувањата, вклучувајќи го и центарот на Лондон.
Наставата во училиштата е откажана, сообраќајот е во застој
Според „Гардијан“, повеќе од 220 училишта биле затворени низ Велика Британија, вклучително и околу 140 во Велс, а Универзитетот во Дерби, исто така, ги затворил своите кампуси во Честерфилд, Бакстон и Лик поради лошите временски услови. Покрај тоа, многу железнички линии воопшто не можат да сообраќаат, па само во еден регион на Обединетото Кралство, 108 возови беа откажани или значително доцнеа поради снег.
I'm a PhD student at @UniofOxford and I think I'm living in a fairytale 🙂
Foxes playing around in the snow at Magdalen College this morning — absolutely magical! pic.twitter.com/YzDwalD4nC
— Eleonora Svanberg (@EleonoraSberg) November 19, 2024
Според Траинс.им, до 13 часот во вторникот, 108 од 196, или 56 отсто од услугите на железницата Ист Мидлендс биле откажани или одложени најмалку 30 минути. Како и за другите железнички оператори, ЛНЕР имаше 57 отсто од железничките услуги откажани или одложени, Крос кантри 19 отсто, Транспорт за Велс 11 отсто и Вест Мидланс треинс 15 отсто.
Според метеоролозите, причина за првиот обилен снег од летото е арктичката воздушна маса, што значи дека цела недела во Велика Британија ќе биде екстремно студена, а се очекува и поголем снег.
First snow of this season.
UK life pic.twitter.com/RkkAAlLSLJ— Dream Chaser (@rana_zahid1) November 18, 2024
„Ако Путин сака да не нападне, нека нè гаѓа со снег“
И покрај тешките проблеми со снегот, Британците сè претворија во шега, па наведуваат дека доколку Путин некогаш сака да ги нападне, треба само да им фрли снег.
London always looks pretty when the snow is falling.pic.twitter.com/9jaUfmyYrI
— Met4Cast° (@Met4CastUK) November 19, 2024
„Патиштата блокирани, возовите откажани, нема струја, училиштата затворени – ако Путин некогаш одлучи да ја нападне Велика Британија, нека фрла само снег врз нас“.