Навршија речиси три месеци од стравишната трагедија во Кочани од која згаснаа многу млади животи, а меѓу нив и оној на Андреја Ѓорѓиевски од дуото ДНК.
Реалноста дека ги нема тие млади луѓе, тешко ќе се прифати, множеби и никогаш, особено за најблиските, роднините, пријателите, оние со кои секојдневно делеа добро и лошо.
Еден од нив е и фолк пејачот Наум Петрески кој особено беше близок со Андреј.
Сега, по три месеци тишина, тага и неизговорени зборови, Наум Петрески собра сила да проговори пред камерата на „Бекстејџ“ за заминувањето на неговиот близок пријател.
Не можеше да ги сокрие емоциите, солзите си течеа, а гласот му се кршеше со секој обид да изговори нешто.
Најавното видео веќе ја расплака нацијата, а коментарите со емотикон кој плаче само се редат еден по друг.
Емитувањето на интервјуто е закажано за претстојниот понеделник од 23:10 на Телма.
Искрено, а можеби и најемотивното интервју на Наум.