Пример за насилничко и примитивно однесување во сообраќајот денеска дојде од Белград кога неколкумина удирале возач кој не им дозволил непрописно да се вклучат во сообраќајот.
Тепачката избила во близина на ОФК Београд по сообраќаен инцидент, во кој, според очевидци, маж не дозволил автомобил непрописно да влезе во сообраќајот.
Поради ова, неколку мажи излегле од автомобилот кој сакал да се вклучи во сообраќајот и почнале да го удираат возачот во кој го виделе виновникот. На видеото се гледа дека тие користат и метална палка кога го удираат мажот, кој беше соборен на подот.
Во близина се наоѓа полициската станица Палилула, па полициските службеници брзо интервенирале.