Занимливо видео ни доаѓа од Љубушки, град во Босна и Херцеговина, каде свадбена веселба заврши со невидена битка помеѓу две девојки откако невестата го фрли бидермаерот.

На многу свадби има мали битки за букетот на невестата, но оваа дефинитивно е најдолгата.

Во видеото, според обичаите, невестата го фрла букетот кон немажените девојки и две ентузијастки непопустливо се тргаат помеѓу себе, секоја очајно трудејќи се да го присвои.

Можеби битката ќе беше и подолга ако не беа прекинати. Погледнете: