Жена од Виница (40) заврши со телесни повреди откако синоќа со комбе излета од експресниот пат Штип – Кочани. Нема други повредени, соопштија од СВР Штип.

Во комбето жената била сама. Сообраќајката се случила на 5 километри од клучката кај Три Чешми на патот кон Кочани.

Ова е втора сообраќајка за период од една недела, по трагичната несреќа на 14 февруари, во која загинаа 24-годишна девојка од Скопје 52–годишен маж од Кочани, а пет лица беа потешко повредени. Двајца беа однесени на лекување на клиниките во Скопје.