Една девојка загина во синоќешниот земјотрес во Бих кога голема карпа паднала врз нејзината куќа во Столац, Босна и Херцеговина.
Таа била донесена во болницата во Мостар во тешка состојба и докторите не можеле да и го спасат животот. Нејзините родители биле полесно повредени.
Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ во 23 часот и седум минути, а епицентарот на потресот бил во Херцеговина, на 15 километри од Столац. Хрватската сеизмолошка служба информира дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а ЕМСЦ тврди дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени. Во наредните часови регистрирани се повеќе помали потреси.
Освен во Столац, пријавена е и материјална штета во Мостар каде што се урнал оџак, како и во Љубиње и Чапљина.
Корисниците на социјалните мрежи објавија и фотографии од помали одрони на некои патишта во Херцеговина кои наводно биле предизвикани од потресот.
Синоќешниот земјотрес со епицентар во БиХ е почувствуван и во Северна Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Албанија.
По него, регистрирани се неколку помали земјотреси со епицентар во БиХ.
Земјотресот е забележан и во Билеќа. Надзорната камера го снимила моментот кога почнала да се тресе, пренесува Српскаинфо.
Да потсетиме, најсилниот земјотрес е забележан во Столац, каде што јачината изнесуваше 5,6 степени според Рихтеровата скала.
🔺SNIMAK NADZORNE KAMERE ŠIRI SE DRUŠTVENIM MREŽAMA / Ovako se sinoć treslo u Bileći ⤵️ #zemljotres #BREAKING #earthquake #BosnaiHercegovina pic.twitter.com/ldS72YgKrn
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) April 23, 2022