(вистина.мк) Естрадата и политиката отсекогаш оделе “рака под рака“ заедно. Некогаш скриено, некогаш јавно, на моменти латентно, на моменти транспарентно, во зависност од потребите на едните и другите таа симбиоза е помалку или повеќе експонирана.
Многумина од музичарите и естрадните уметници се блиски до овој или оној политичар, до левицата или десницата, до социјалдемократите, социјалистите, конзервативците, радикалите… кои и да се.
Таа „љубов од интерес“ обично е најизразена пред изборите, во изборните трки и кампањи од различна провиненција… Локални, парламентарни, претседателски, па дури и партиски… За разно-разни прослави и празници, годишнини и јубилеи и да не зборуваме.
Но, не сите естрадни уметници се поистоветуваат со политиката, со некоја од партиските опции, со одредени политички фигури или функционери… Така барем тврдат повеќето, иако ги има и оние, кои не се срамат гордо да ја истакнат својата партиска припадност или барем симпатии кон одреден политичка опција.
Скопската пејачка со белградска адреса на живеење, нашата позната и популарна „естрадна исленичка на неодредено време“, Тијана Дапчевиќ иако со години живее во српската престолнина, неизмерно си ја сака својата татковина.
Но, дали подраго и е нејзиното исконско или „новопеченото“ уставно име на државата, дали припаѓа на некоја политичка опција, дали и е подрага оваа или онаа политичка партија, самата открива во интервјуто за најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.
Дали „Северна“ или има само една Македонија, симпатии кон СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или некоја трета партија… погледнете што ќе ви каже Тијана:
Но она што сега го зборува Тијана, најблаго кажано се коси со она што го правеше пред пет години, кога беше дел од владиниот спот, односно кампањата во пресрет на референдумот, чија цел беше да се поттикнат граѓаните да заокружат „ЗА“ на референдумот за промена на уставното име.