Студениот бран ги донесе првите снегулки во Скопје оваа есен. И покрај густата магла, на камерите на ЈСП поставени на врвот „Крстовар“ може да се забележи дека на Водно навеале неколку сантиметри снег.
Утрово на повеќе места од земјава има бела покривка. Камерите на Водно ја забележаа првата мала снежна покривка за годинава но и магла.
Снег има и на туристичките центри: Попова Шапка и Пониква.
Малку снег има и во Делчево и околните села, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.
Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во селото Тработивиште, како и на подрачјето на селото Ѕвегор во близина на граничниот премин кон Република Бугарија.
Поради наноси од снег утрово беше воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип.
Пијанечко-Малешевскиот регион исто така утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.
Според УХМР, временто денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од -1 до 14 степени Целзиусови.
Во Скопје променливо облачно и постудено со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.