Откако имаше инцидент во салата „Јане Сандански“, непосредно пред мечот Вардар-Еурофарм Пелистер, немирите продолжија и по мечот, низ улиците околу салата. Се појавија видеа во кои се гледа како полицијата веќе апси навивачи, или поточно речено хулигани. Засега нема повеќе информации.

Инаку, Вардар и Еурофарм Пелистер ги одмерија силите во рамките на плејофот во домашното првенство. Победата на крајот ја однесе Еурофарм Пелистер со резултат 23:24.